Позната српска пејачка открива: Морав да пеам за да го платам поменот на мајка ми

Српската пејачка Рада Манојоловиќ си ја отвори душата и прозборе за нејзиниот најтежок момент во животот, тоа бил кога починала нејзината мајка и кога по два дена морала да пее на свадба за да собере пари за нејзиниот 40 -ти дневен помен.

- Пеев деветтиот ден после мајчината смрт бидејќи лошо стоевме финансиски, а ми беа потребни пари за подготовка на 40-дневниот помен, одбележувањето на половина година и година, кои кај нас изгледаат како свадби. За да ги испочитуваме тие традиции некој мораше да работи, а тој некој бев јас.Беше сурово, но немав друг избор. Во таквите мигови чувствуваш како да ти е извадено срцето. Уште тогаш научив дека имам копче за исклучување, па и покрај мојата тага да ги развеселам луѓето. Сега кога сум финансиски стабилна можам да си дозволам на мир да тагувам, раскажала пејачката.

 

23.04.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа