Влегол во автомобил и удрил две лица - нема да верувате колку алкохол имал во крвта

Маж мртов пијан се качил во својот автомобил и повредил две лица. Се работи за 38-годишен Хрват чиј идентитет е непознат, кој со 4 промили алкохол во крвта влегол во своето возило, започнал да го управува, изгубил контрола и повредил две лица.

Цела среќа во големата несреќа е што несовесниот возач кој веќе имал забрана за возење поради тоа што го фатиле како вози во пијана состојба, не усмртил никого.

Тој ќе си заработи соодветна казна за делото кое го направил.

22.04.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа