Лекарите не знаеле што и е - се шокирале кога откриле

Верувале или не, она што и се случило на жена од Загреб, ги оставило дури и докторите со отворени усти. Според податоците на хрватските медиуми, се работи за Милка Савиќ, која инаку работи како адвокат, а цели девет години имала напад на кашлица.

Имено, иако девет години никој од докторите не можел да открие што и е на жената, таа пред неколку недели додека се туширала, започнала толку силно да кашла и да се гуши, а во еден момент ос устата и излегол црв долг десет сантиметри, со портокалова глава! Жената шокирана не успеала да го дофати црвот кој веднаш паднал во канализација со водата, а иако ги посетиле сите лекари, никој не можел точно да каже што и се случило.

Само при бронхоскопија кога со минијатурна камера и ги снимиле белите дробови докторите виделе нешто чудно. Мислеле дека станува збор за пулсирачка крвна вена која не е причина за кашлањето, а се работело за долгиот црв. 

22.04.2014 - 11:05
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега