Од прослава за раѓањето на детето до смрт- цело семејство загина во сообраќајна несреќа

Во страотна сообраќајна несреќа во Табановце кај Шабац вчера околу 13. 40 часот загинаа четири личности а меѓу  нив била и една трудница. Уште две лица се повредени, и пренесени на Ургентниот центар во Белград а докторите нивната состојба се уште ја оценуваат како критична.

До несреќата дошло кога возачот на Ауди Q7, со италијански регистерски таблички Саша Ј. (29), изгубил контрола над воланот и слетал од коловозот, се превртел а потоа удрил во ограда.

Животот го загубиле возачот и женска особа со иницијали A.M.(28), како и сопатниците С.М. (22) и М.П. (20), додека

Д.М. и Д.Ј. (50) се здобиле со тешки телесни повреди опасни по живот.

Жителите на Табановце биле  беа згрозени од вчерашната сцена на улицата Иво Лола Рибар, број 116. Во каналот покрај патот на покривот беше превртен џипот "Ауди Q7", со италијански регистарски таблички-ЕД 66 3X, а малку подоцна на истото место и еден велосипедист загина превртувајќи се од својот велосипед.

 

Повеќе од час и половина и било потребно на полицијата за да ги извлече првите три телата од автомобилот, а повеќе од три часа за да ги извади останатите тела.

Според првичните податоци најмладиот од сопатниците добил син, што била вистинската причина за славење веројатно се напиле повеќе и за жал завршиле трагично.

 

22.04.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега