Во гостиварско излезноста 10%

Во гласачките места во трите гостиварски општини излезеноста на гласачите е околу 10 проценти заклучно со 13 часот.

Највисок процент е регистриран во општина Маврово Ростуше, 15,83 отсто, каде гласале 1.495 лица, додека најнизок во Врапчиште, 5,74 проценти со вкупно 1.395 излезени гласачи.

Во Гостивар, најбројната општина во Гостиварско, на гласање излегле 7.374 граѓани што е 9,59 отсто.

13.04.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега