ДИК ги демантира опозициските портали - изборите мирни и без нерегуларности
Државната изборна комисија ги демантираше медиумите блиски до опозицијата за информациите за наводните нерегуларности.
На прес-конференција која беше одржана во 10 часот во просториите на ДИК беше соопштено дека се тече според предвиденото и нема нерегуларности.
- Засега не се забележани нерегуларности и се тече според предвиденото. Oтворени се сите избирачки места во 7 часот, нагласи на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Билјана Јовановска.
Медиумите блиски до опозицијата веќе почнаа да создаваат алиби за очекуваните лоши резултати од изборите преку создавање на слика за наводни нерегуларности, кои директно се демантирани од Државната изборна комисија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа