Изборите течат мирно - ѕирнете ја излезноста во сите македонски општини

Коалицијата на невладини организации "Излези да гласаш" првиот круг на изборниот процес за избор на Претседател на Република Македонина го следи на цела територија на Република Македонија со близу 5000 волонтери, акредитирани набљудувачи на територија на Р. Македонија. Според информациите добиени од терен гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера без сериозни нарушувања. Заклучно со 10.00 ч. извршена е обработка на податоците за текот на изборниот процес и излезност на гласање и констатирана е следната состојба:

                           ИЕ 2

 

     

                           ИЕ 4

         

                                     ИЕ6

 -Во однос на навремено отворање на изборните места нашите набљудувачи инфомираа дека навремено се отворени гласачките места. Генерална оценка до 10.00 ч. е: изборниот процес тече мирно и достоинствено и во позитивна атмосфера. Апелираме до сите институции како и досега, навремено да реагираат согласно своите надлежности да им се овозможи на достоинствен начин на граѓаните да си го искористат своето демократско право на глас. Коалицијата на граѓански организации “Излези да гласаш“ - апелира до политичките партии за коректни и фер избори без насилство и кршење на законската регулатива во текот на просецот на гласање, истакнаа од „Излези да гласаш“ на денешната прес-конференција.

 

 

13.04.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега