Фатмаѓул лута ја откажа својата венчавка- еве поради кого

30-годишната турска актерка Берен Сат или нам подобро позната како Фатмаѓул во турската хит-серија „Судбината на Фатмаѓул“ многу се налутила бидејќи морала да ја откаже својата венчавката со турскиот пејач Кенан Доголу, поради тоа што неговата сестра,  Џанан Догулу, на ист ден ја закажала својата венчавка.

Актерката  била многу гневна и смета дека нејзината золва тоа го направила од инат и љубомора.

Откако Берен и Кенан ја уредиле салата за венчавката, ги испратиле поканите и го испланирале и медениот месец, сега се пропаднало. Свршеникот не ја поддржал па идната невеста со причина е лута , велат пријателите на актерка.

Тие додаваат дека таа е неутешна бидејќи нејзиниот партнер ја откажал нивната свадба со цел да и удоволи на каприцот на неговата помлада сестра која одлучила да се мажи на ист ден кога била закажана венчавката на нејзиниот брат и снаа.

- Не ми е јасно како можеше да го направи тоа. Можеби е љубоморна, а можеби Кенан се уплашил од бракот па неговата сестра му помага на ваков начин. Се плашам дека ќе останам сама пред олтарот - се пожалила Берен на своите и додала дека воопшто не и е важно што Кенан се уште не закажал датум за венчавката. 

 

13.04.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега