Струмичани гласаат за претседател - еве колава е излезноста до 10 часот

И во Струмица денеска гласањето за претседател се одвива мирно и без проблеми. Од 48.215 граѓани кои имаат право на глас, а гласаат на 83 места, до 10 на гласање излегле 10 проценти од запишаните.

Во Босилово од 11.842 гласачи кои имаат право на глас, а гласаат на 19 места, до 10 часот глас дале 10 проценти. Во Василево од вкупно 10.057 гласачи, до 10 часот гласале 675 или 7 проценти од гласачите.

Во Ново Село гласаат 10.815 гласачи на 20 избирачки места.

Засега гласањето се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера.

 

13.04.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега