Пенелопе Круз е новата Бонд девојка

Шпанската глумица Пенелопе Круз само што не се придружила во екипата на новото 24-то продолжение на популарните филмови на Џејмс Бонд, чие снимање би требало да започне ова лето. Според пишувањето на француското списание “Премиер”, ѕвездата на филмот “Volver” моментално преговара за последните детали од договорот.

“Продуцентите и порано ја контактираа, но таа до сега беше зафатена со други ангажмани. Преговорите се во тек, а моментално се работи за деталите во договорот”, изјави за списанието упатен извор.

Главната улога повторно ќе ја игра Даниел Крег, а сега веќе се знае дека во филмот ќе играат Рејф Фајнс (M) и Наоми Харис (Манипени), а најверојатно и Чиветел Еџиофор, јунакот на Оскаровата наградена драма “12 години ропство”, кој би требало да се појави во улога на негативец.

Улогата на Бонд девојката не е безначајна – ја посакуваат како почетнички, така и глумици со долг стаж, од кои обично се бара да играат “фатална жена”. Продуцентите веројатно сметаат дека една така улога после Ив Грин, Беренис Марло и Олга Куриленко, совршено и припаѓа на Пенелопе Круз.

13.04.2014 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега