Полицијата почна да пука на демонстрантите во Украина

 

Групи демонстранти вечерва влегле во полициските станици во источно украинските градови Краматорск и Красни Лиман, во близина на Доњецк.

 

При обидот да ја преземат полициската станица во Краматорск полицијата отворила оган, а групата од педесеттина луѓе ја опколила станицата и возвратила со пукање. По еден час престрелки демонстрантите ја зазеле станицата.

Денеска беше презедена и полициската станица и контролата врз градот Славјанск, на околу 100 килиометри од Доњецк.

Дали властите во Киев, во оваа состојба, ќе испратат воено-полициски сили од Киев во областа на Доњецк и Харков, се уште не е познато. По упадот во полициските станици неколку стотици од демонтрантите се добро вооружени.

12.04.2014 - 23:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега