Претседателот на Србија остана без својот луксузен автомобил - еве зошто

Како што пишува српски „Информер“, работник во сервисот „Мерцедес“ го удрил автомобилот за време на пробното возење блиндираниот "мерцедес ГЛ 500 брабус“, што српскиот претседател го доби на подарок од шеикот на Обединетите Арапски Емирати.

Весникот наведува дека на  автомобилот вреден милион евра налетал автобус на улицата "Ѓорѓи Станојевиќ" во Нов Белград. Штетата е тотална, а истрагата укажува дека за несреќата е одговорен возачот на автобусот.

- „Проблемот е во тоа што ова не е обичен автомобил. На страна тоа што е вреден еден милион евра, станува збор за возило кое ја обезбедува безбедноста на шефот на државата“, вели изворот на „Информер“.

Работникот ос сервисот е повреден и е пренесен во болница на лекување, а за возачот на автобусот се уште нема никави информации.

11.04.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега