Се гасне „чeтот“ на Facebook

Во наредните недели оние кои ќе сакаат да продолжат да “чатуваат“ со своите пријатели на Фејсбук, ќе мора да имаат инсталирана Месинџер апликација.

Фејсбук ја тетсираше новата функција за својот Месинџер месеци наназад, а сега оваа социјална мрежа го исфрла комплетно “чeтот“ од својата главна апликација.

Марк Цукерберг уште лани најави дека ќе ја исфрлат оваа можност од социјалната мрежа.

Гаснењето се очекува во наредните неколку недели, а Фејсбук веќе ги известува корисниците за промената.

11.04.2014 - 00:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега