Статистика: Во февруари 212 одобренија за градење

Државниот завод за статистика денеска објави дека во февруари  годинава се издадени 212 одобренија за градење, што е за 3,2 проценти помалку во однос на  февруари лани.

Најмногу дозволи за градење се издадени за скопскиот регион (56), по кој следат источниот (32), полошкиот (28), југоисточниот (27), југозападниот (25),...Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 147 (69,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 33 (15,6 проценти) за нискоградба и 32 (15,1 процент) за реконструкција, говорат податоците на статистика.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 445 станови со вкупна корисна површина од 37.313 метри квадратни.

09.04.2014 - 13:24
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега