Почина познатиот Ултимејт Вориор

55- годишниот Џејмс Хелвиг  на многумина подобро познат како Ултимејт Вориор почина во вторникот.

Веста беше потврдена од „World Wrestling Entertainment“, а станува збор за вистинска икона во професионалното борење.

Хелвиг паднал пред хотел во Аризона сакајќи да влезе во својот автомобил, а според информациите иако веднаш бил префрлен во најблиската болница, сепак лекарите не можеле да му помогнат.

Веста за смртта на легендарниот кечер ги шокираше неговите колеги и поранешни противници, особено неговиот најголем ривал Хулк Хоган.

09.04.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега