По цели 25 години поминати во затвор за убиство кое не го сторил конечно дочека слобода

51- годишниот Џонатан Флеминг излезе од судот во Бруклин како слободен човек откако во вторникот тамошното државно обвинителство се откажало од обвинението против него "во интерес на правдата."

"Тој е неверојатно среќен човек- го дочека овој ден, но е фрустриран бидејќи 25 години поминал патејќи во затворот, казнет за дело кое не го сторил, изјавил неговиот адвокат Тејлор Кос.

Флеминг секогаш тврдеше дека е невин, дека тој не го убил својот пријател Дерил Раш во 1989 година во Бруклин.

Адвокатот изјави дека тужителите брзале да го осудат Флеминг, игнорирајќи ги доказите, кои вклучуваат телефонски сметки, фотографии, хотелска пријава и други докази кои покажуваат дека за време на убиството тој бил во Флорида.

На судењето, една жена која беше доведена како сведок  изјави дека го видела Флеминг на местото на настанот во Бруклин, но ја повлече изјавата по една недела, изјави Кос.

Флеминг беше уапсен во 1990 година на 25 години затворска казна.

09.04.2014 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа