Поучна приказна- Стравот е најголем затвор а ризикот е пат кон слободата

Во една земја каде имало војна, владеел страшен и лош крал. Еден ден, на своите заробеници им дал можност да одберат како сакаат да умрат. Ги затворил во една просторија во која на едната страна имало чета од стрелци, а на другата страна врата за која се слушале приказни дека крие мртви и окрвавени затвореници.

 

Ги поставил затворениците во круг и им рекол:

 

„Може да одберете и да умрете избодени од стрелите на мојата чета или да поминете низ оваа врата и да останете таму засекогаш“.

Речиси сите одбрале да умрат побрзо, погодени од стрела.

Еден од затворениците го запрашал кралот: „А што има зад оваа врата?“

„Отвори ја и погледни“ – рекол кралот.

Војникот собрал храброст и со тешка мака ја отворил вратата. Тогаш во очите му блеснал силен сончев зрак. Кога ги отворил убаво очите, се изненадил што видел дека вратата, всушност, води кон слобода!

Се завртел кон кралот и му рекол: „Секогаш сте им давале избор на затворениците, но тие повеќе сакаа да умрат, отколку да ризикуваат и да ја отворат оваа врата!“

 

Колку пати се плашиме да ризикуваме? Колку пати умираме заради нашите грижи, од страв да не ја отвориме вратата на нашите соништа, вратата која нè води кон најголемата слобода?

Извор: Црно Бело

09.04.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега