Секоја чест: Ова е херојот кој го совлада насилникот кој со зоља влезе во болница! (ФОТО)

Откако 57-годишниот Слободан Петровиќ од Белград вооружан со зоља влегол во Бразата помош и направил хаос, заканувајќи се дека сите ќе ги убие, двајца медицински техничари ја спасиле целата ситуација како вистиснки херои.

Еден од нив е Слободан Жечевиќ кој успеал да го совлада насилникот и да спречи да натсане голема трагедија.

- Бев горе на спрат кога се случи инцидентот. Веднаш се симнав и се обидов со колегата убаво да поразговарам со насилникот, но видов дека не вреди и тој нема да се смири па искористив згодна прилика и го разоружав, вели тој за српскиот Курир.

Тој вели дека човек не размислува во такви моменти и дека му е мило што на крајот се испаднало добро.

09.04.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега