Иванов во Радовиш и Струмица - каде ќе одат денеска кандидатите за претседател?

Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори.

Претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и кандидатите за пратеници ќе одржат митинзи во Радовиш и Струмица, а ќе ги посетат Ново Село, Босилово и Василево.

Кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе одржи митинг во Прилеп и средби со граѓаните на Кривогаштани, Крушево, селата Нородол, Алдинци, Житоше, Лажани и Црнилиште. Претседателот и заменик претседателката на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска ќе ги посетат општините Конче, Радовиш, Штип и околните места.

Кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски и кандидатите за пратеници ќе одржат митинг во скопски Аеродром, а претходно ќе имаат средби со граѓаните во Ченто, Автокоманда, Турска Чаршија, Топаана и во село Кадино.

Кандидатот за претседател на ДПА Илијаз Халими и кандидатите за пратеници ќе одржат митинзи во Струга и во Гостивар.  

ДУИ митинг за парламентарните избори ќе одржи во Долнени, а ќе остварат средби и со граѓаните во Крушево и Пласница.

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и носителот на листата на ВМРО-НП Горан Лотески ќе остварат средба со граѓани во Гостивар и Тетово. 

09.04.2014 - 09:06
Фото: 
фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега