ВИДЕО: За џепарлак скокна од мостот во Мостар

Откако бројни туристи му да дадоа по некоја пара, едно момче, скокна од мостот во Мостар.

На воодушевување на присутните,  момчето се качи на горадата, а потоа мирно скокна во студената Неретва.

Порано во времето кога не постоел стариот мост, храбрите момчиња скокале од пештерата покрај брегот на Неретва. Во шеесеттите години од минатиот век се донесе одлука да се премине на Стариот мост, и така од 1968 па се до денес се скока од мостарскиот мост.

Секој скок има една цел, а тоа е во вода да се падне со што помал плисок вода на површината.

За одлично изведениот скок мостарците имаат фраза “одлично штулио“.

07.04.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега