Ги собори сите рекорди- концертот на Тејлор Свифт во Кина распродаден за само една минута

Познатата американска пејачка Тејлор Свифт ги собори сите кинески рекорди кога е во прашање продажбата на концертите.

Тејлор, која од светот на кантри музиката зачекори на теренот на чистата поп музика, на 30 мај ќе настапи во Шангај, а концертот е распродаден за само една минута.

Влезниците за нејсиниот концерт се продавале од 18.000 влезници на секои 60 секунди, што е најбрзо продаван концерт во историјата на Кина.

Настапот е дел од азиската верзија на турнејата „Red“,  која лани го собори рекордот на распродадени влезници во САД, па само во Лос Анџелес Стејплс Центарот Свифт лани одржа рекордни 11 концерти.

07.04.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега