Грците на протест поради приватизација на Солунското пристаниште

Грчките пристаништа денеска се затворени во периодот од седум до 11 часот по локлано време, во знак на протест поради плановите за приватизацијата на Солунското пристаниште.

Најавен е 24-часовен штрајк за денеска, кога во Парламентот се очекува дебата околу спорната приватизација на пристаништата. За денеска, исто така, е најавен и протест пред Парламентот.

Синдикатот соопшти дека сите пратеници и партии, кои ја поддржуваат продажбата на голем дел од државните акции во грчките пристаништа, ќе одговараат пред народот.

07.04.2014 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега