Запленети два тона албанска марихуана во рибарски брод во Италија

Повеќе од два тона марихуана транспортирана со рибарски брод запленила италијанската полиција од Каталонија.

Акцијата била насловена „Луна Роса“ а уаспени се осум лица, сите Сицилијанци. 

Бродот „Гиамако“ тргнал од грчкиот остров Крф, каде што според полицијата, била натоварена марихуаната произведена во Албанија, а бил запрен веднаш во впловувањето во италијанските територијални води.

Дрогата била пакувана во 125 пакети. Нејзината вредност се проценува на 10 милиони евра, но доклку била пуштена на нарко пазарот во помали пакувања вредноста би достигнала најмалку 30 милиони евра.

 

05.04.2014 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега