ФОТО: Добитна комбинација на Алесандра Амбросио- црвената боја ја истакна нејзината женственост
Покажувајќи го својот затегнат стомак на промоција на нова колекција во Њујорк, Алесандра Амброзио на проверен начин ги собра погледите.
Бразилската убавица беше како префинета дама облечена во црвено здолниште со црвено палто, комбинација која ја истакна нејзината фантастична фигура.
Со нејзините метални обувки со висока потпетица, таа исто така покажа дека е чекор пред модата.
Згодната мајка на две деца очигледно е голем фан на обувките „Шутц“, бидејќи на својот Инстаграм профил објави фотографија од нејзините нозе и сандалите, а под неа напиша: Овие Шутц се направени за одење”.