Албанија бара помош и од FBI во борбата против корупцијата

Албанскиот министер за правда Насип Начо на петочната средба во Вашингтон со заменик државниот јавен обвинител на САД Џејмс Кол, побарал помош од САД во акциите во борбата против корупцијата во Албанија, откако побара во овие акции да се вклучи и американското Федерално истражно биро (FBI).

По барањата на ЕУ и САД , Албанија да ја зајакне борбата против корупцијата во земјата, Тирана бара помош за обука, но и заеднички акции со FBI во борбата против корупцијата.

Критиките на меѓународните институции се сè погласни на адреса на владата на Албанија поради нагласената корупција во повеќе сфери во земјата.

05.04.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега