Се поднапил и полудел среде Тетово

Пијан тетовчанец направил хаос среде Тетово.

Како што информираат од МВР, хаосот настанал на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово, откако неколку полициски службеници излегле да интервенираат по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир. Полицајците се обиделе да го легитимираат 54 годишниот Д.Е., но, пијаниот тетовчанец не соработува, туку почнал да ги навредува и да им се заканува. Полицајците решиле да го приведат, но, тој продолжил да беснее и физички да ги напаѓа. По кратко време, се појавил и синот на Д.Е., Ќ.Е. кој исто така почнал да ги напаѓа полициските службеници.

Од МВР велат дека по целосното расчистување  на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

05.04.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа