Најмалку 16 загинати а 40 исчезнати во поплавите на Соломонските Острови

Најмалку 16 лица загинаа a 40 се водат како исчезнати додека пак над 49.000 се без покрив над глава поради поплавите што го зафатија Хонијара, главниот град на Соломонските Острови, соопштија денеска локалните власти.

- Според последниот извештај 16 лица се загинати, додека 40 се водат за исчезнати, во најголем дел деца со многу малку надеж дека ќе бидат пронајдени живи, изјави шефот на службата за итни работи на организацијата „Да ги спасиме децата“, Греј Кен.

Според него над 49.000 луѓе се останати без своите домови и треба да бидат привремено згрижени.

Локалните медиуми пишуваат дека ова е најголемата катастрофа со која се соочил народот на Соломонските Острови. 

05.04.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа