Еве каде ќе се растрчаат кандидатите за претседател

Продолжува претседателската кампања за претстојните избори. Кандидатите за претседател денеска ќе одржат повеќе митинзи и средби со граѓани.

Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржи митинг во Скопје и средби со граѓани во Петровец, Чучер Сандево и Нагоричане.

Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ на митинг во Куманово ќе гo претстави кандидатот за претседател Зоран Поповски. Планирани се и средби со граѓани на Поповски во месноста Лозаново и Бегови бавчи.

На митинг во скопски Сингелиќ ќе се претстави и кандидатот за претседател на ДПА Илијаз Халими.

05.04.2014 - 10:08
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега