Михаел Шумахер се разбуди од кома

Најдобриот возач на Формула 1 на сите времиња, Михаел Шумахер кој на крајот на минатата година беше тешко повреден во несреќа на скијање, на моменти се буди од кома и има минути кога е свесен.

-Михаел покажува знаци на напредод и е на пат да се опорави. Веруваме дека така и ќе продолжи - рече неговата менаџерка Сабине Кем, пред новинарите во болницата во Гренобл.

Таа додаде дека засега семејството на Шумахер не сака да открива дополнителни детали за лекувањето на седумкратниот светски првак.

Шумахер е во вештачка кома од 29 декември по тешкиот пад на скијање во Франција, кога со глава удри во карпа.

Поранешниот возач на Ферари Мерцедес од тогаш два пати бееш опериран.

04.04.2014 - 23:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега