ФОТО: Кумановци масовно го поддржуваат Иванов
Кумановци денес масовно се собраа да му дадат поддршка на кандидатот за претседател на владејачката коалиција, Ѓорѓе Иванов.
Како што посочи доктор Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните од Куманово во претходниот мандат на Иванов видоа дека се работи за човек од народот кој ја оправда довербата. Денес излегоа да му ја дадат својата поддршка, држејќи знамиња на Македонија и носејќи партиски обележја.
Низа пратеници, министри и експерти исто така се меѓу публиката која го поддржува Ѓорѓе Иванов.
Почетокот на митингот е најавен за 20:30 минути.
ФОТО: Курир