Акредитирани 3.292 домашни и 265 странски набљудувачи за претстојните избори

3.292 домашни и 265 странски набљудувачи, како и 213 преведувачи досега се акредитирани за следење на претседателските и предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 13. и 27. април.

Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), НВО МОСТ досега акредитирала 1.777 набљудувачи, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 1.500, Здружението на граѓани Центар за развој на медиумите - Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 41 набљудувач и 146 преведувачи, ОБСЕ 91 набљудувач, амбасадите на САД - 27 набљудувачи и 54 преведувачи, на Словенија - четворица, на ЕУ - 27 набљудувачи, на Шведска и на Италија по 12, на Турција - 11, на Бугарија - шест, на Косово - пет, на Хрватска, на Кина и на Словачка по двајца набљудувачи, на Полска, на Грција, на Австрија и на Шпанија по тројца, на Холандија - шест набљудувачи и двајца преведувачи, на Србија и на Катар по еден.

Барањето за акредитација до ДИК за претседателските избори заврши, додека за парламентарните избори според Роковникот на Комисијата е до 22 април.

04.04.2014 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега