ГАЛЕРИЈА: Неверојатна посетеност на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево
„Како претседател ќе го бранам државното единство на Република Македонија. Претседател сум на сите граѓани, независно од етничката, верската или која било друга припадност. Тоа го правев и ќе продолжам да го правам ако ја добијам повторно вашата доверба. Соживотот и отвореноста ги негуваме сите заедно. Затоа што сите сме Македонија“, порача претседателот Иванов на митингот во Кичево.