АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ 28% - СДСМ 15%
Институтот Димитрија Чуповски во период помеѓу 28 и31 март, спроведе анкета со која беа опфатени 1.510 испитаници, за да се измери поддршката на граѓаните кон кандидатите за претседател, политичките партии и политичките лидери во Република Македонија, како и нивните перцепции за политичките партии во неколку сегменти од политичкото делување.
Анкетата бешеспроведена на ниво на цела Македонија, а беа опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, и етничка припадност.
На прашањето за која партија би гласале на претстојните парламентарни избори, 27,8 проценти се изјасниле дека поддршката ќе ја дадат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 14,9проценти поддршката ќе ја дадат за СДСМ. За ДПА поддршката ќе ја дадат 4,4%, за ДУИ 7,0%, за ГРОМ 1,8 додека за НДП вкупно 1.1 проценти.
Во телефонската анкета, 50,6 проценти од испитаниците одговориле дека најголема доверба имаат во политичарите на ВМРО-ДПМНЕ, 17,2 отто од испитаниците одговориле дека им веруваат на политичарите од СДСМ. 32,2 проценти одговорилесо Не знам, додека 23,1 отсто од испитаниците рекле дека не веруваат на ниту еден политичар.
На прашањето која партија има поквалитетен тим, 43,3 отстого дале својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, додека само 15.2 го дале својот глас за опозициската СДСМ. Никола Груевски ужива најголема доверба од граѓаните. Според анкетата, 27,9 отсто од анкетираните одговориле дека најмногу доверба имаат во него, а само6,9 отсто се изјасниле дека најголема доверба имаат во лидеротна СДСМ, Зоран Заев. 7,1% од испитаниците имаат најголема доверба во Али Ахмети, 4,3 во Мендух Тачи, само1,4 во Бранко Црвенковски. Во Стевчо Јакимовски доверба имаат 1,7 отсто од испитаниците, додека во Радмила Шеќеринска 0,9.
Околу тоа која политичка партија ќе победи на претстојните избори, 35,5 проценти се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 13, 8 за СДСМ.
Од кандидатите кои ја трчаат трката за претседател, најголема доверба ужива Ѓорѓе Иванов со 30, 8 проценти. 16,1 отсто сметаат дека ќе победи кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, 2,2 дека ќе победи Зоран Поповски и 7,4 дека претседател ќебиде Илијаз Халими.