„Ризопулос“: Играта за името на Скопје е веќе „загубена“

Грчкиот политиколог Текла Христина Захарја во колумна за електронското издание на „Ризопулос“ за спорот со името изјавува дека тоа е безвременско прашање, кое долго време ги окупира и со кое грчката Влада не успеа ефикасно да се справи.

- „Додека Грците ги погодува кога ќе слушнат дека некој Скопје го нарекува ’Македонија’, ФИРОМ успеа со добро организирана пропаганда да постигне меѓународната заедница да и се обраќа на земјата со ’Македонија“", се вели во коментарот.

Захарја во овој контекст искрено посочува неколку ситуации во кои неодамна се нашла и ги нарекува „разочарувачки факти“. Првата ситуација била кога со еден шведски официјален претставник на ОН зборувале од кој аеродром треба да летаат, откако таа му рекла „Македонија“, (како што се вика солунскиот аеродром), тој зачудено ја прашал дали е неопходно да одат толку далеку за да стигнат на нивните дестинации, мислејќи на аеродром во државата Македонија.

- „Овие инциденти се случија за помалку од еден месец , потврдувајќи го мојот став дека прашањето за името Скопје е загубено. Владата во Скопје спроведува ефикасна и добро организирана пропаганда не само на луѓето, туку и на на глобалната заедница. Со користење на сајтови со домејн .мк, ФИРОМ индиректно успеа да добие посакуваното име ’Македонија’ . Грчката влада останува неактивена, грчкиот народ е поделен меѓу оние кои живеат во северниот дел и се погодени кога ќе слушнат дека соседната земја некој ја нарекува Македонија, и Грците од јужниот дел од кои  поголемиот дел се рамнодушни“, пишува „Ризопулос“, пренесе МИА.

Таа додава: - „Да бидам искрена, јас не знам ниту дали некој напор, дури и организиран, може да го смени исходот“, вели и уште еднаш ја обвинува грчката Влада за неефикзсност по ова прашање.

31.03.2014 - 09:37
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега