Тепачка во штаб на СДСМ во Кочани - советник му удрил шлаканица на пратеник

Советник во општина Кочани му удрил шлаканица на пратеник на опозициската СДСМ. Како што дознава Press24 вчера во месниот штаб на СДСМ во кочанско Грдовци се случил инцидент во кој најдебелиот крај го извлекол кандидат за пратеник на СДСМ. Според нашите информации, советник во општина Кочани на најголемата опозициска партија незадоволен од составот на пратеничките листи влегол во жестока кавга со еден кандидат за пратеник кој го бранел изборот на Заев. Во еден момент кавгата ексалирала по што советникот му удрил шлаканица на кандидатот за пратеник. Во тој момент се вмешале останатите присутни членови на месниот огранок на партијата и спречиле тепачката да ексалира. 

28.03.2014 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега