Обама ја поздрави одлуката на ММФ за одобрениот кредит од 18 милијарди долари за Украина
Одлуката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да и додели кредит во висина од 18 милијарди долари на Украина е голем чекор напред, изјави претседателот на САД Барак Обама.
Тој наведе дека кредитот ќе и помогне на Украина да ја стабилизира економијата и да ги подмири долгорочните потреби.
- За тоа ќе се потребни структурни реформи, но и значи дека Украина го следи примерот на Полска, која бележи значителен раст, истакна Обама на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Матео Ренци во Рим.
Обама посочи дека кредитот од ММФ е „конкретен сигнал оти светот е единствен во поддршката за Украина, која носи тешки одлуки во тешки времиња“.
ММФ денеска во Киев соопшти дека ќе и додели на Украина кредит од 14 до 18 милијарди долари, под услов да се зголеми цената на гасот за населението и да бидат замрзнати пензиите и платите на државните службеници. Вкупната помош од меѓународната заедница за Украина ќе изнесува 27 милијарди долари за две години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа