Товарен брод се заби во пристаништето Риека

 

- Товарен брод долг 139 метри, што плови под малтешко знаме, под команда на Украинци, поради преголемата брзина, удри во пристаништето во Риека, соопшти Капетанијата на пристаништето.

Во соопштението на капетанијата на пристаништето во Риека се наведува дека е оштетено пристаништето и дека е отворена истрага за причините на несреќата.

Во несреќата нема повредени, а предизвикана е само материјална штета.

27.03.2014 - 17:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега