Новак е директен: Девојки убави сте но јас сум верен!
Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ има многу обожавателки ширум светот, но ниту една не е доволно добра да ја изневери својата догогодишна девојка Јелена со која пред неколку месеци се вери.
За време на победата над Енди Мареј во Мајми беше прашан од новинрите дали се плаши од Латиноамериканските жени, на што тој одговори:
- -Не се плашам од Латиноамериканките. Јас сум европски тип, растев и роден сум во Европа. Значи ја сакам Европа, верен сум и не оставам слободен простор за нив. Без разлика на тоа тие се навистина убави и вие тоа добро го знаете, рече тенисерот.
27.03.2014 - 16:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа