Загинале 251 лице при потонување на брод во езерото Алберт
Најмалку 251 лице загинаа при потонувањето на брод во езерото Алберт на границата меѓу ДР Конго и Угандаа сите жртви се државјани на ДР Конго.
Во земјата е прогласена тридневна национална жалост.
- Конгоанската Влада со длабока болка ја потврдува смртта на 251 наши сонародници, кои се наоѓале во бродот во угандскиот дел на езерото Алберт, изјави портпаролот на Владата во Киншаса, Ламберт Менде.
Угандските власти соопштија дека пронашле 107 тела, вклучувајќи и 57 деца.
27.03.2014 - 15:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа