Револуционерно: Хирурзи вградија пластичен череп на млада девојка

 

Медицината постојано напредува, а доказ за тоа е и последната серизона операција извршена од страна на холандски туристи, кои и вградиле вештачки череп на млада девојка.

Според податоците од светските медиуми, 20-годишна девојка од Холандија е првиот човек на кој му е вграден плачстичен череп. Сложената операција траела цели 23 часа, а хирурзите потполно ги замениле сите коски во главата на младата девојка.

Девојката имала проблем, бидејќи нејзиниот мозок станувал се потежок, а со тоа и се намалувале виталните функции. Пред операцијата се жалела на чести главоболки, ослабнат вид, а ја загубила и способноста да прави изрази на лицето. Три месеци по операцијата девојчето гледа како што треба и нема никакви потешкотии.

Засега не е познат идентитетот на младата девојка.

27.03.2014 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега