И тоа се случува- заборавил дека имал луксузна јахта
Еден Норвежанец мислел дека бродот го продал, но за среќа тој бил заглавен во едно шведско пристаниште при што полицијата одлучила да објави фотографија од бродот на Фејсбук, а тоа го видел сопственикот и си го нашол бродот.
Како што пишува The Local, полицијата вчера дошла до сознание дека бројот во едно шведско пристаниште му припаѓа на Норвежанец, кој заборавил дека воопшто го поседува.
- Беше многу изненаден. Мислеше дека бродот го продал, изјави полицаецот Томас Андерсон.
Бродот,бил увезен од САД пред десет години, и речиси две години се наоѓал во близина на полициската станица во местото Стромстад. Полицајците фотографијата од таинствениот брод ја објавија на Фејсбук во понеделникот.
- Мислам дека ова покажува дека луѓето имаат различни очекувања кога станува збор за економијата. Ова не е обичен брод, неверојатно е убав, рече Андерсон. И навистина, неговата вредност е проценета на 108 илјади долари.
Норвежанецот кој го поседува бродот е сопственик на неколку фабрики и наводно заборавил дека не го продал.
- Среќен завршеток, ако не и многу чуден, напиша полицијата на нивната Фејсбук страница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа