Синчето на Шакира веќе игра фудбал со татко му

Во едно интервју познатата колумбиска ѕвезда Шакира изјави дека 18-месечниот син Милан дефинитивно е заинтересиран за музиката, но многу повеќе сака да игра фудбал со татко му Жерар Пике.

 

На прашањето дали Милан има интерес кон кариерата на мајка си, пејачката одговарила дека иако е прилично рано да се каже такво нешто, сепак малиот веќе покажува заинтересираност кон овој спорт. ”Прерано е да се каже дека сака тапани, но Милан трча по фудбалската топка по цел ден и тоа го влече многу повеќе”, коментира во интервју пејачката.

Таа признава дека не знае дали е толку добар пејач, бидејќи сама научила да се занимава со музиката, а не е посебно насочена од професионалец.

“Не знам дали сум толку добра пејачка, како што сите ме сметаат. Почнав да пеам по конкурси, кога имав 10 години. Мајка ми виде оглас во еден весник и ме посоветува да се обидам, беше детски музички натпревар. Јас и реков дека имам потреба да размислам и дека ќе и одговорам на следниот ден. Тоа беше моето прво музичко учество и првото професионално решение кое сум донела “, се сеќава ѕвездата.

27.03.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега