Откриена вистинската причина за смртта на славниот актер Пол Вокер
По четири месеци од смртта на познатиот актер Пол Вокер конечно е откриена вистинската причина за смртта на славниот актер.
Истражувањето траело цели четири долги месеци конечно ја откри вистинската причина за смртта на славниот Пол Вокер.
Наводно славниот актер починал како последица на пребрзо и несигурно возење, а не поради неисправниот автомобил како што првично се веруваше.
Поршето GT со кое управувал пријателот на Пол Вокер било во добра состојба и немало никакви оштетувања. Причината за несреќа била пребрзото возење: во населено место во кое е дозволено возење со 45 км/час, пријателот на Пол возел со брзина од 81 до 94 км/час. Возилото изгубило контрола и удрило во дрво, пренесува US Weekly.
Иако се уште нема официјална потврда, сепак потпаролот на шерифот на Калифорнија Каунти изјавил дека наскоро се ќе биде објаснето во медиумите.
На датумот на неговата смрт Пол бил во Северна Каролина за да учествува во добротворниот настан на неговата организација "Reach Out WorldWide" по повод поддрша за жртвите од тајфуните на Филипини.
Тој и неговиот пријател Роџер Родас починале на лице место во трагичната сообраќајна несреќа. Откако Роџер изгубил контрола врз автомобилот излетал од улицата и се удрил во дрво, по што автомобилот се запалил.
27.03.2014 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа