Илма продолжува да шокира - ги навреди сите членови на жирито на Икс-Фактор

Најмалата учесничка на Икс Фактор, Илма ја отвори душата и откри дека сè уште е многу разочарана од популарното шоу и дека ја сретнала Емина Јаховиќ но таа не сакала ниту да ја погледне. 

- Не разговарав со Емина бидејќи таа постојано работи и е зафатена, но сепак ја сретнав на финалето каде не сакаше ниту да ме погледне, што мене страшно ме погоди. Разговарав со Кики и тој исто така е разочаран, особено поради концертот кој тој го организираше, а јас не се појавив, изјави Илма и додаде дека е разочарана што пеела пред такво жири кое според неа не е компетентно.

Навистина многу се обидував да не мислам на тоа, не очекував нешто такво, цело време мислев што ќе се случи следно и не ни помислив дека ќе ме тргнат од натпреварувањето поради моите години. Зошто тогаш немаа објавено уште на самиот почетокот дека сум премногу млада да се натпреварувам? Се обидував да поправам се што ми кажуваа, но минатото е минато, криво ми е само што бев исфрлена пред суперфиналето, рече Илма.

27.03.2014 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа