Руфи Османи ќе ја предводи листата за 6 изборна единица
На престојните предвремени парламентрни избори, Руфи Османи лидерот на Националната демократска преродба (НДП) ќе ја предводи листата за кандидати за пратеници во 6-та изборна единица. На второто место на листата за 6 ИЕ се наоѓа поранешниот пратеник Изет Зеќири од Тетово. Ова го решило раководството на партија на последниот состанок. За носители во останатите изборни се кадри кои уживаат висок рејтинг меѓу членството, се наведува во соопштението на НДП.
Во изборната единица 7 носител на изборната листа на НДП за Европа е Енвер Османи, по потекло од гостиварско Дебреше, вработен во осигурителна компанија во Швајцарија. Во изборната единица 2 носител на изборната листа на НДП е Џезаир Шаќири. Во струшко-охридскиот регион, на првите две места на листата ќе бидат Ардиан Демири и Артан Дика.
Составувањето на изборната листа во изборната единица 1, ќе биде во законскиот рок по завршување на дополнителни консултации, се наведува во соопштението на НДП.
Централниот одбор го задолжило раководство на НДП да го хармонизира редоследот на изборните листи и при тоа да бидат земени критериумите на професионалност, чесност, изборната вредност и сеопфатната територална застапеност.
Во последниот пратенички состав НДП имаше двајца претставници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа