Немеш се премисли: Маријана те сакам, сакам да имам дете со тебе!

 

Иако неодамна пукна тиквата меѓу учесниците на "Големиот брат", Маријана и Немеш, за кои се крена голема прашина, со оглед на тоа дека кога ја започнаа врската во шоуто таа беше мажена, сега Немеш се предомисли и посака да и се врати на својата сакана.

Во интервју за хрватска телевизија, Немеш изјави дека се покајал за паузата со Маријана.

- Многу бука околу ништо. И таа како мене е брутално искрена. Имавме неколку лоши денови но ја сакам, сакам да бидам со неа, и сакам дете со неа, вели Немеш.

Тој додава дека може да се скараат, да скршнат од патот, да имаат кавги и лоши денови, но дека се сакаат и нивната љубов ќе победи се.

 

27.03.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега