Лукијан: Уште пред финалето знаев дека Даниел ќе победи

Даниел го запознав на аудицијата и уште од тогаш знаев дека тој ќе биде победник на овогодинешниот Икс Фактор, бидејќи е зрел, има искуство и е најдобар вокал во оваа прва сезона на шоуто вели Лукијан Иванович.

Лукијан воопшто не е разочаран што го зазема четвртото место на Икс Фактор. Младиот пејач вели дека уште од самиот почеток претпоставувал дека Даниел ќе ја однесе победата на ова шоу бидејќи бил најдобар меѓу нив. Лукијан моментално се одмора со семејството, а за неколку дена ќе продолжи да работи на своја нова песна, за која му помогнала неговата менторка Емина Јаховиќ.

На прашањето дали е фер што Кристина уште пред самото финале изјави дека Даниел е победник, Лукијан вели:

"Даниел го запознав на аудицијата и уште од тогаш знаев дека тој ќе биде победник на овогодинешниот Икс Фактор, бидејќи е зрел, има искуство и е најдобар вокал во оваа прва сезона на шоуто".

На тоа дали е разочаран бидејќи не победил иако на многумина им беше фаворит Лукијан вели дека воопшто не е разочаран бидејќи кога се натпреварувате некој мора да победи а некој да испадне. Тој додава дека по изведбата на првата песна во која потполно уживал му било сеедно дали ќе оди понатаму или ќе си оди од шоуто.

27.03.2014 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега