Што му порача најголемиот ривал на Шумахер?

Поранешниот шампион во Формула 1, Британецот Дејмон Хил, му посака на Шумахер кој повеќе од два месеци се наоѓа во вештачка кома, побрзо да оздрави и да се врати кај семејството.

Хил и Шумахер се големи ривали и познати се по своите "борби" на стазата. Познати се и нивните судири, од кои едниот го предизвика Британецот, а другиот Шумахер.

- Моето искуство со Михаел главно се сведува на ривалството. Секој спортист сака да знае колку е добар и да се споредува со другите. Михаил освои најмногу титули во историјата на Формула 1. Имам среќа што можев да се борам на стазата со него, што ја имав таа шанса. Некогаш толку знаеше да ме налути, но го лутев и јас. Сега тоа не е важно. Важно е да оздравиш и да му се вратиш на своето семејство, вели Британецот.

За потсетување, Шумахер е во кома по падот на француските Алпи на 29 декември минатата година.

23.03.2014 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега