Заев и Шеќеринска избегаа од соочување со Груевски

Заев и Шеќеринска нема да бидат кандидати на СДСМ во првата изборна единица. Како што дознава Press24 од високи партиски извори на Бихаќка, на Извршниот одбор на партијата било договорено, лидерот и неговата заменичка да не се кандидираат во скопската изборна единица, а носител, според неофицијалните информации треба да биде Рената Десковска.
Потврда за ваквата одлука на Извршниот одбор на СДСМ треба да даде и Централниот одбор на партијата чија седница е закажана за во 12 часот. 
Сите одлуки треба да бидат потврдени на денешниот Конгрес кој ќе започне во 14 часот.

23.03.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега