Кои населби утре ќе бидат без струја?

 

Корисниците од улицата „Прашка“, зграда на Импиксел, дел од жителите од улиците „Црногорска“ и „Мечкин Камен“ и градинката „Весели Цветови“, утре од 9 до 15 часот, ќе бидат без струја.

Во периодот од 12 до 17 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од  населбата Маџари и Кванташки пазар.

Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од село Шишево, а од 9.30 до 15 часот корисниците од улицата „Ѓорче Петров. Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Јане Сандански“, дел од ТЦ Бисер и пазарот во општина Аеродром.

Причината за прекините во снабдувањето со електрична енергија е изведување инвестициски зафати во електроенергетската мрежа од страна на ЕВН Македонија АД. 

20.03.2014 - 15:20
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа